Откако блесна на доделувањето на Греми наградите, Бијонсе повторно беше во центарот на вниманието – беше тоа ‘нејзина’ вечер.
Всушност, минатата ноќ во Њујорк е одржана премиера на нејзиниот документарец ‘Life is but a dream’, а самата пејачка публиката ја освои со своето издание.
31-годишната Бијонсе била облечена во елегантен Elie Saab фустан, украсен со кристали, кој ги истакнал нејзините познати облини! Посебна магија на нејзната појава додало заводливото деколте.
Особено горд на својата сопруга бил Џеј Зи, а како поддршка на Бијонсе пристигнале нејзината мајка Тина и сестрата Соланж. Но и голем дел од познатите се појавиле да го погледнат документарецот.
‘Life Is But A Dream’, интимниот документарец на познатата пејачка наскоро ќе се прикаже и на малите екрани.
http://www.youtube.com/watch?v=iniGJdFmy44&feature=player_embedded