Се сомневате ли дека тој можеби сеуште има чувста кон бившата? Или сте од оние девојки кои имаат 100% доверба во саканиот човек и не се тормозат со оваа проблематика? Кон која и категорија да припѓате драги дами, да знаете дека ни една од вас не е осигурана од ситуацијата: „Извини, но јас изгледа сеуште ја сакам неа!“ И затоа колку и слепо да му верувате, за секој случај погледнете ги овие симптоматични знаци кои покажуваат дека тој сеуште не ја заборавил бившата сосема.
– Нивните заеднички фотографии на Фејзбук си стојат.
– Зборува премногу критично за неа. Да, не брзајте да се радувате. Каде што има болка, има и чувства!
– Не може да отиде на место што го потсетува на неа.
– Зборува лошо за нејзиниот нов дечко.
– Неговите пријатели дури не знаат дека вие постоите. Особено оние кои се заеднички пријатели со бившата.
– Тој прави апсолутно се што таа не сакала да прави. Можеби сте му дале надеж за поквалитетна љубов. А можеби само се залажува дека му е подобро без неа…
– Често наоѓа повод и причина за да и се јави. Или уште полошо – дознавате дека и се јавува тајно без вие да знаете.
– Во неговиот телефонски именик таа е сеуште запишана како „злато“, „маче“ и слично.
– Ја блокирал насекаде, Скајп, Фејзбук, меил…Тоа е знак дека не може да се контролира и затоа поставува високи ѕидови помеѓу нив.
– Се уште ги чува нејзините работи. Но не спаковани и спремни за враќање, туку оставени точно таму, каде што таа ги оставила.