Мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим со богатство од 73 милјарди долари четврта година по ред е најбогатиот човек на светот според традиционалниот годишен извештај на списанието Форбс.
Следува основачот на Мајкрософт Бил Гејтс со 67 милјарди долари. Инвеститорот Ворен Бафет прв пат од 2000 година не се најде помеѓу најбогатите луѓе бидејќи неговиот имот опадна на 53,5 милјарди, а неговото трето место оваа година го освои сопственикот на Зара, шпанецот Амансио Ортега кој е тежок 57 милјарди долари.
Помеѓу првите десет, на деветото место се нашла и една жена од Франција, Лилијан Бентакур, наследничката на Лореал со богатство од 30 милјарди. Основачот на Фејзбук Марк Зукенберг и понатаму е еден од најмладите милјардери, а се наоѓа на 66 место со имот од 13,3 милјарди долари.
Најголем губитник оваа година е бразилецот Еике Батиста кој останал без 19,4 милијарди долари или околу 50 милиони дневно. Тој сега има 10,6 милјарди и од седмо место паднал на 100-та позиција. Иначе на овогодинешната листа на Форбс има рекорден број милјардери, вкупно 1426.