Што е курчење на Македонски начин

5 март, 20130
111

Курчењето како спортска дисциплина е многу присутно во нашите простори. Толку присутно што едвај чекам да стане Олимписка дисциплина, па да видат сите кој е махер! Златна медаља за Македонија? Ма неее.. Има платинеста да измислат за такви таленти какви што одамна можеме ние Македонците да понудиме на светот!

Се курчат деца, млади, малку постари, возрасни, повозрасни па и стари братче и тоа без исклучок! Во курчењето нема разлики! Тука сите се исти, како од мајка родени сите пред портите на Свети Петар на ист начин ќе бидат судени! Што за курчење од курчевит табиет, што од курчење од досада, курчење како спортска занимација, курчење за оставање нереален впечаток, па до курчење од разни ментални хендикепи и комплекси на пред се помала вредност! Значи курчење братче за ургентен извоз и спас на државата од сите видови немаштија. Проект на иднината, што би го крстил Ја Сакам Македонија До Смрт а богами и после тоа!

Да се вратам на курчењето.

Табиет курчевит е филозофија за анализа. Тоа е накурчена екипа која на се има виновник! Секогаш сите се криви за нивните неуспеси и точка.. или две Тачки како што некои љубат да кажат!

Тие што се курчат од досада се добар дел од накурчената раја! Безработници колку сакаш, а еден куп од нив и моли господ да ја најде. Па курчењето по разни белосветски кафетерии и дискотеки е дисциплина за почит. Што би рекол еден мој пријател: да ги ебеш кусур немаат да ти вратат, ама братче глумат лудило по цел ден, џанам со Бил Гејтс сите постела си делат.

Спортската занимација како курчевита окупација или обратно, курчењето како спорт, е олицетворение на Македонските фуфи, што како полуписмени налицкани кукли, глумат лудило по Македонските улици. Тие удавачи се курчат и тоа онака спортски, се до моментот кога не поразат некој папак и го зацрнат и него и пола негова фамилија онака прописно… спортски!

Тие нереалните курчевити ликови, курчењето го сфаќаат како претстава. Се претставуваат како интелектуалци.. аналитичари.. спремни политички и други општествени дејци, а братче неапособни и тоа многу. Толку многу што на улица да го пуштиш пари за семки не се кадарни да заработат!

За крај го оставив курчењето од разни ментални хендикепи и комплекси на пред се помала вредност! Ова курчење ми е омилено за медицинско посматрање.. пред се психијатриско!

Овие курчевити хендикепирани лица, се главен проблем на секое општество. Тоа се лица кои цел живот си го трошат во себе докажување. Се борат со своите дома.. со комшиите.. со пријателите и сите стекнати непријатели, се разбира. Си го лажат паметот со сопствената специфична тежина, која како и да им го вртиш кантарот, не бара тегови! Или во превод: ем шуто ем боде! Комплексите се страшна работа! Го мати разумот и им дава погрешна перцепција на накурчените ни комплексаши.

Со сиот респект кон милата ни Македонија, да живее курчењето… да ни се живи и здрави и сите накурчени лица! Амин!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit