Берлускони осуден на година дена затвор!
7 март, 20130
Бившиот премиер на Италија е осуден поради обелоденувањето на содржината на телефонски разговор поврзан со еден банкарски скандал во 2005-та година.
Милано – Бившиот премиер на Италија, Силвио Берлускони осуден е пред судот во Милано на година дена затвор бидејќи ја обелоденил содржината на телефонскиот разговор во врска со еден банкарски скандал од 2005-та година.
Берлускони е соочен со уште две судења – поради наводно затајување данок и плаќање на малолетни девојки за секс услуги.
Берлускони негирал секаква одговорност за она што го теретат и има право на жалба пред апелациониот суд. Според законите во Италија, тешко дека Берлускони ќе оди во затвор, се додека трае жалбената постапка.