Саудиските власти ја разгледуваат можноста формално да го прекинат јавното обезглавување на осудените на смрт како метода за погубување. Оваа земја е единствена во светот каде смртната казна се извршува јавно на плоштад со отсекување глави на осудените на смрт.
Според весникот Ал Ватана министерскиот комитет на Саудиска Арабија размислува за тоа отсекувањето на глави да го замени со стрелање. Смртна казна во земјата се добива за убиство, вооружен грабеж, силовање и трговија со дрога. Само оваа година без глава останале 15 луѓе.
Минатата година биле погубени 79 осуденици, а предминатата 79.