Анџелина Џоли откри зошто не се омажи со Бред Пит

popara23 мај, 20111min00
angelina film

Бред Пит и Анџелина Џоли беа главните ѕвезди на Канскиот филмски фестивал. Тие беа парот кој го привлече вниманито на сите новинари и фоторепортери. Анџелина овој пат била расположена да раскаже нешто повеќе за приватниот живот и семејството.

Таа во интервјуто кое го дала објаснила дека во нејзиното семејство нема тајни. Од првото дете кое го посвоила па се до последното, вистината им била кажувана за тоа од каде се , од каде потекнуваат, како стигнале во нивниот дом. Па така зборовите дом за деца без родители, посвојување се многу често употребувани и тоа е нормално за нив.

Кога станува збор за бракот со Бред Пит, таа изјавила дека тие кога ја почнале врската таа веќе имала едно дете. Веднаш по тоа посвоиле уште деца. Така што нивната врска веднаш преминала во семејство и грижа. Немаше потреба од тоа да стапиме во брак, ние веднаш почнавме да го одгледуваме семејството. Затоа не му дадовме предност на бракот, изјавила Анџелина.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma