Постојано се трудиме да се храниме здраво, избегаваме работи кои имаат многу конзерванси. Еурокремот е една од работите кои имаат многу конзерванси. Оние кои се по благото тешко можат да живеат без еурокремот. Ако сте еден од тие што обожавате еурокрем пред вас е рецептот кој ќе ве спаси од конзервансите и ќе ви пружи големо задоволство
Состојки:
300 гр цели непечени лешници
2 лажици какао
2 лажици шеќер во прав
Во блендер ставете ги лешниците и мелете ги (4-5 минути) додека не станат кремасти. Потоа додадете го какаото и шеќерот во прав. По желба можете да ставите неколку капки пресно млеко, но не е задолжително за рецептот. И готово.
Имате домашен еурокрем или домашна нутела.
Уживајте во вкусот…