„Индиго“ децата – мит или нова раса!!!

13 март, 20130
7

За феноменот „индиго“ се зборува многу последните неколку години, но не сите се така добро упатени во оваа сензационална појава!

Најпрво се почнува од родителите, кои забележуваат необично однесување кај своите деца. После тоа учителите почнуваат да зборуваат за деца со надприродни способности и сосема наскоро и науката почнува да се занимава со истиот феномен.

Оваа појава се толкува како раѓање на нова, шеста раса, која постепено ќе ја замени човечката, а индиго децата се почетокот на тој процес. Или пак индиго е следниот чекор во еволуцијата на човекот. Дали знаете дека ние користиме многу мал дел од мозокот? Но кај индиго децата тој процент е многу поголем. Почнува да ви се разјаснува нели?

Зошто се нарекуваат индиго?

Во 1982 г. со помош на научни методи психологот Нанси Ан Теп се обидува да ја разјасни мистеријата и стигнува до заклучок дека аурата на овие деца е темно сина. Сите останати луѓе на планетата се со златно –жолта аура. Индиго децата почнале да се раѓаат после 1975 година.

По различни параметри индиго децата се понапредни не само од своите врсници но и од своите родители.

Во САД, Канада и Англија веќе има и специјални центри чија цел е идентификување на индиго децата и создавање специјални училишта и услови за нивните потреби.

Примери:

Детето наречено „Марсовецот“ ги изненадува своите родители со нестандардниот начин на размислување. Тој се вика Борис и е роден во Русија. На 3 години Борис започнал да раскажува на своите родители за вселената, планетите од Сончевиот систем, зборувал за галактики и сл. Родителите не знаеле апсолутно ништо за овие теми, па ја провериле информацијата што ја слушнале од Борис во енциклопедии и се покажало дека се, од збор до збор е точно. На прашањето зошто боледуваат луѓето Борис одговорил: „Затоа што не знаат како да живеат и не умеат да бидат среќни“.

Во почетокот на 90-те години друго дете-чудо станало вистинска сензација. Детето било зачнато од родители носители на хив вирусот и тоа самото било инфицирано.

Откако малечкото наполнало 6 години, немало ни трага од хив вирусот. Крвните клетки на детето биле анализирани и изложени на различни патогени вируси и бактерии, но ниту една од нив немале никакво влијание врз имуниот систем на детето.

Следната фаза е анализа на ДНК кодот на истото дете. Се докажало дека кодот не е типичниот за човечкиот род. Човечката ДНК се состои од 64 кодони од кои активни се 20. Кај ова дете биле активни 24.

Ова не е единствениот случај. После него се појавиле уште многу случаи на деца со апсолутен имунитет.

Дури и формата на ирисот кај индиго децата е поразлична – кај сите нас е со форма на круг, а кај нив наликува на ѕвездичка.

Двете хемисфери на мозокот кај нив работат еднакво и со три пати поголем капацитет од обично. Фреквенцијата кај индиго децата достигнува до 350 000 гига херци што е три пати над нормалата.

Се смета дека ова е само дел од еволуцијата, а ова се првите симптоми. Новиот човек или индиго децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi