ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 грама Шунка
1 лажичка шеќер
100 милилитри Масло
300 грама Кисела павлака
100 грама Кечап
15 Квасец
100 милилитри Вода
600 грама Брашно
1 Јајца/це
ПОДГОТОВКА:
Квасецот растопете го во водата и малку шеќер.
Додадете го во брашното, маслото, киселата павлака и јајцата.
Замесете меко тесто.
Оставете го да одстои барем еден час на топло.
Потоа што потенко исукајте, премачкајте го со кечап и посипете со оригано.
Наредете ја шунката исечена на листови.
Потоа изрендајте го сирењето, па изролајте го тестото и од едната и од другата страна, така што ќе добиете две ролни.
Сечете парчиња, наредете ги на плех и испечете ги на 200 степени додека да добијат убава црвена боја.
ДОБАР АПЕТИТ!