
Покрај вакви дадилки можеби е најдобро да ги оставите децата да се чуваат сами. Некои од нив повеќе сакаат да се посветат на себе си отколку на децата додека ги чуваат.
Дадилките во голем процент можат да го обележат детскиот развој. Човек мора да биде многу внимателен при изборот на особата и колку е таа компетентна да ги чува неговите деца.
Некои од дадилките кои се наоѓаат во нашата галерија својата непрофесионалност ја одбележале и на фотографии. Младата популација сака да се фотографира и да ги поставува сликите на социјалните мрежи, а тоа често го прават додека чуваат деца. Некогаш ќе повикаат и друштво, па последната работа што им паѓа на памет во моментот е чувањето на децата.












