
Манекенката својата кариера ја изгради рекламирајќи светски познати брендови, а големо внимание привлече со провокативните сцени за фимот „Baby On The Board“.
Иако Синди во неколку наврати изјави дека Невена не е никаков модел во Њујорк и дека работела како келнерка, сликите и видео записите сепак зборуваат поинаку, а во прилог на тоа се и 16 години успешна кариера во модната агенција Форма Вива.
Таа е една од ретките кои успеале да си го остварат својот сон и да изгради светска кариера која за Невена почна од нејзината 14-та година кога успеа да стане лице за Елит. Работела во Европа, Мадрид, Милано, потоа во Хонгконг, Тајланд, а на крај во САД каде најпрво живеела во Чикаго, потоа во Мајами и Лос Анџелес и за крај 3 години во Њујорк.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=GzV3EroYRA4#!
