Близначките Керолин и Елизабет се еднојајчани близначки кои се родиле со временска разлика од четири минути. Тие живеат во Велика Британија, а најинтересно е што имаат идентичен живот. Имаат завршено во исто училиште, ист факултет, на ист отсек, возат исти автомобили, исто се облекуваат и понекогаш се случува да си купат идентични подароци. Но, сето ова се случува без да се договорат.
Тие се омажиле на ист ден, во речиси исти венчаници и двете на свадбено патување заминале во куба.