Сити нуди, Реал бара милијарда

25 мај, 20110
1

Манчестер Сити е сериозен во намерата на “Истлендс” да го доведе Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.

Тоа тврдење го изнесоа одделни медиуми на Пиринеите, објавувајќи дека Сити испратил понуда од дури 200 милиони евра за Португалецот!

Тие на самиот играч му нудат 17 милиони евра по сезона, што е дури за 7 милиони повеќе од тоа што Роналдо го добива во Реал.

Шеикот Мансур изгледа сака да ги израдува навивачите, но од Мадрид брзо стигнал одговорот.

Имено, Флорентино Перез им порачал на Англичаните да понудат онолку колку што пишува во договорот на Роналдо, а тоа е милијарда евра!

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi