О Нил: Македонија треба да побара од ОН резолуција и потврда за користењето на името

25 мај, 20110
united-nations-flag_0
По 20 години, период во кој името Република Македонија не предизвика меѓународни или домашни проблеми со Грција или други земји, зошто да не се бара резолуција и потврда од ОН за користењето на името, вели амбасадорот Робин О Нил, првиот медијатор во грчко-македонскиот спор, во интервју за програмата “ПОРТА“ на МТВ.
О Нил истакнува дека приоритетните цели на меѓународната политика на Македонија се: да е во добри односи со соседите, вклучувајќи ја Грција, како и целосно и еднакво место во заедницата на европските држави, што значи членство во ЕУ и НАТО.
“Важно е Македонија да се покаже како разумна, флексибилна и подготвена за дискусии во врска со формата на решението“. Исто така, тоа го задржува прашањето пред членовите на ЕУ и НАТО и во контекст на тоа“, вели О Нил, неодамнешните коментари на претседателот  Ѓорге Иванов  за потенцијалниот начин за постигнување на двете меѓународно политички цели, се добредојдени.
“Со почит кон договорот со Грција, мое мислење за употребата на името Република Македонија (Скопје), во 1992 година, беше одбранбено решение. Но, Грција тоа тогаш го одби и изгледа како се уште да го одбива. Но, тоа не би требало да претставува причина за неизразување на подготвеност од страна на Македонија за повторна дискусија“, истакнува О Нил.
Според него, секое такво решение треба да се претстави пред народот на Македонија преку референдум.
“Со надеж дека тоа може да се направи само со одобрување и обврзувачки договор од страна на Грција, таквата спогодба конечно би довела до крај на спорот. Во спротивно, зошто македонскиот народ би гласал за тоа?“, вели првиот медијатор во грчко-македонскиот спор.
Ако Грција продолжи со одбивањето на дискусиите за решавање на предметот со Македонија на конструктивен начин, според О Нил, Македонија треба да започне со наоѓање решение со други страни, и пошироко, на пример со ЕУ, НАТО или ОН.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *