Годинава 12 нови случаи на ХИВ/СИДА

slobodan28 ноември, 20101min00

Дванаесет нови случаи на ХИВ позитивни и заболени од СИДА се регистирани во земјава, објави денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според податоците што ги презентираше примариус доктор Жарко Караџовски од ИЈЗ, четири од случаите се болни од СИДА, а кај осум лица е откриено дека се носители на ХИВ. Караџоски истакнува дека иако најголем дел од случаите се заразени преку хетеросексуалниот однос, во последните две години постојано се зголемува бројот на случаи кои се заразени преку сексуални односи меѓу мажи. “Доминантно во Република Македонија според епидемолошките податоци добиено од болните е хетеросексуланиот начин. Меѓутоа, во последните три години доминантен начин во Република Македонија на пренос освен хетеросексуалниот пренос и МСМ (машки кои имаат секс со машки) тоа е новиот термин“, вели доктор Караџоски. Како висока ризична група се вбројуваат и лицата кои користат дроги интравенски.
Вкупно во земјава од првиот случај во 1987 година досега се регистирани 132 случаи на ХИВ/СИДА. Од нив во најголем дел се на возраст од 20 до 49 години и околу 70 отсто се од машки пол.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag