Добивме уште еден нов моден хит. Дури и најсмелите светски дизајнери почнаа да лансираат практични и удобни трегери.
Кратките и долги здолништа, панталони како и фармерките со трегери, не се двоумете да ги облечете бидејќи тие се хит оваа сезона.
Можеби трегерите асоцираат на широки, удобни и не баш толку привлечни и елегантни парчиња, но баш во тоа ќе ве разувери модната куќа Chloe, која на писта испрати долги панталони со трегери во боја на кожа. На тоа се додаваат потпетици во боја на песок.
Jean Paul Gaultier си игра со трегери во морнарски стил од секаков материјал, кои во горниот дел поцетуваат на корсет. Palph Lauren се поигра со панталони од сатен кои се одлични за секоја прилика.
Се разбира трегерите можете да ги носите интересни маички, кратки јакнички, а кондурите прилагодете ги на материјалот, стилот и пригодата. Дизајнерите секако предложуваат високи потпетици.