Еден осмогодишник од Британија може да се пофали дека ја доби работата од соништата. Џејмс Чилдс е вработен во една компанија која произведува автомобили за деца, играчки. Неговата работа се состои во тестирање на автомобилите пред да бидат пуштени во продажба.
Џејмс изјавил дека е многу возбуден и дека едвај чека да започне со работата. Се чувствувам како поп ѕвезда, изјавил осум годишниот Џејмс.