Шест војници на САД биле убиени од припадник на погранична полиција на Авганистан. Крвавиот инцидент се случил за време на обука во источен Авганистан, известил Пентагон. Според објавеното убиецот го вперил оружјето кон силите на Алијансата. При размената на оган човекот бил ликвидиран. Авганистанските сили и НАТО покренале истрагата, јавуваат светските агенции. До нападот дошло во источната провинција Нангархар. Авганистанските власти потврдиле дека напаѓачот бил пограничен полицаец.
Извор: Нетпрес