
Ели Саб е познат по своите гламурозни фустани кои ги носат познатите дами ширум светот…
Новата колекција за есен-зима 2013 малку е поразлична од претходните. Саб кој покрај фустаните кои ќе бидат носени по црвениот тепих креирал и практични парчиња гардероба. Тесни здолништа, корсети, јакни, коктел фустани. Црна, тегет и темно виолетова се боите кои преовладуваат во колекцијата, освен неколку жолти и бели комбинации.