Асанж: Интернетот е закана за човечката цивилизацијата!

popara28 јуни, 20131min00
2

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс порачува во своето авторско писмо за “Политика“ дека интернет е закана за човечката цивилизација.

“Последниве две години сме сведоци на невидена политичка радикализација на општеството, која е поврзана со интернет. Неговата едукативна функција е неверојатна. Интернет доведе до експлозија на јавно достапна информација. Од друга страна, луѓето кога размислуваат за Викиликс, или за информациите кои неодамна ги обелодени Едвард Сноуден, веруваат дека сега нивните влади не можат ништо да сочуваат. Тоа е едноставно глупост. Јас Викиликс ја гледам како сенка од секна. Моќни групи поседуваат толку тајни материјали при што јавно достапните информации изгледаат како џуџе спроти овој џин на тајноста. А само да нагласам дека ние до сега во рамките на информациите кои ги обелоденивме, објавивме над милјарда зборови “, изјавува Асанж.

Тој вели дека американската Национална агенција за безбедност, најголемата државна информативна агенција, јавно признала пред Конгресот дека дневно се вршат над 1,6 милијарди прислушкувања на телефонски разговори, читање смс, мејлови, комуникација на социјалните мрежи.

“За таква количина трансфер на знаење и моќ кои се наоѓаат во рацете на мали, моќни и тајни организации и нивните недопирливи пријатели, ние не можевме ни да сонуваме. Така интернет, нашето најголемо средство за еманципација, е трансформиран во најопасно средство за тоталитаризам. Го претворија интернет во закана за човечката цивилизација – порачува Асанж.