
Рита Ора мрази да ја споредуваат со Ријана.
“Ријана е неверојатна…но ние сме сепак многу различни“, вели Ора и додава: “Пред се јас сум само една мала девојка од предградието на источен Лондон, а таа е девојка од егзотичен остров. Освен тоа нејзиниот задник е многу подобар од мојот…“
Рита вели дека во моментов е многу вљубена во својот партнер Калвин Харис и дека постојано го проверува својот телефон очекувајќи нова порака од саканиот и дека шпекулациите и споредбите со колешките воопшто не го привлекуваат нејзиното внимание кое е стриктно насочено кон приватниот живот и кариерата.
