
Покрај тоа што до скоро родителите се придржуваа до стандардните мерки за превоспитување, како на пример забрана да излегувате неколку дена или стопирање на џепарлакот извесно време, во денешно време родителите стануваат доста покреативни. Типичен пример за тоа е американецот, кој ја принуди својата ќерка да носи маичка со неговиот лик дополнет со надпис: Пробај ме!
За да биде казната уште понепријатна, таткото поставил фотографија од неговата ќерка како ја носи маичката со неговиот лик во сајтот за споделување интересни фотографии. Само за неколку дена фотката стана вистински хит со над милион прегледи.
Се прашувате со што кутрото девојче го заслужило ова? Таа го прекршила вечерниот час и се вратила дома покасно од дозволеното:)
