
За паметниот е доволен само знак, за глупавиот и удар е малку!
“Една индиска жена работела на градба. На главата и ставале тули и таа ги носела од едниот до другиот крај на градбата. Работата била макотрпна, а времето ужасно жешко, неподносливо. Во еден момент таа капнала од умор, паднала и тулите се разлетале на сите страни. Жената не можела да ги натовари повторно врз главата без туѓа помош, седнала на земјата и се расплакала од дното на душата, проколнувајќи го Бога и својата судбина.
Бог го слушнал нејзиниот плач и се јавил и ја прашал:
– Кажи ми како да ти помогнам? Подготвен сум да ја исполнам секоја твоја желба.
Таа ги избришала солзите и го замолила:
– Господи, подреди ги туливе повторно врз мојата глава!