Криумчареле дрога во кучиња и потоа брутално ги убивале!

popara10 јули, 20131min00
4

Во Италија се уапсени 49 особи кои се сомничат дека се членови на латино-американска банда кои треба да се појават пред судот поради наводно користење и злоупотреба на кучиња за криумчарење на кокаин.

Ветеринар од Мексико ги принудувал кучињата да проголтаат поголеми пакети полни со дрога пред да ги качат на авион за Милано, соопштила полицијата.

После пристигнувањето на италијанско тло кучињата биле брутално касапени за побрзо да се извади кокаинот од нивната утроба, што предизвикало бурни реакции кај активистите за заштита на правата на животните.

На осомничените со потекло од Еквадор и Перу ќе им биде судено во Италија.

Foto-ilustracija: Yukon News

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *