
Партнерот на Ева Лонгорија – Ернесто Аргуело објавил тотален банкрот пред неколку месеци. Човекот бил задолжен 4 милиони долари, соопшти National Enquirer.
34 годишниот Ернесто се запозна со актерката во 2012 година за време на снимањето на реалното шоу Ready for Love. Парот неодамна јавно ја објави врската, кога медиумите пишуваа дека Ева била многу среќна со новиот сакан.
Меѓутоа нејзините блиски пријатели се вознемирени бидејќи веруваат дека Ернесто само ја искористува за слава и пари. Сметката на Ева тежи 35 милиони, што ја прави мошне примамлив залак за банкротираниот Аргуело.
