Не слушајте ги небулозите на американците кои тврдат дека сексот не треба да трае повеќе од 10 минути. Ние европејците сме друга работа. Барем така сметаат научниците кои направиле истражување во кое учествувале 2000 мажи и жени од различни држави во Европа.
Се покажало дека идеалното времетраење на сексот и за двата пола е не помалку од 25 минути. А најдобриот секс за најдобар оргазам се прави во сабота помеѓу 22:00 и 23:00 часот. Идеалната поза? Тоа е јасно – жената од горе.
Друг интересен факт е тоа дека за разлика од порно филмовите, жените и мажите не сакаат маратонски секс кој трае со часови. Го опишале ваквиот секс како досаден, напорен дури и болен. Па затоа ако сакате да се докажете пред новата партнерка или партнер, подобро откажете се од идејата за маратонски секс. Или како што се вели, поважен е квалитетот, а не квантитетот.