Бадник – ден пред Христовото раѓање

6 јануари, 20150
32

Тивка, света ноќ кога верниците го очекуваат утрото за да ја чујат радосната вест. Празнична ноќ, ноќ пред Христовото раѓање.

Денес е Бадник, еден од најголемите христијански празници, ден посветен на Бога и семејството, ден – предвесник на раѓањето на Исус Христос. Името Бадник значи да бдееш, да бидеш буден и да го дочекаш Христовото раѓање.

Бадник се слави во кругот на семејството, со посна трпеза која се остава цела ноќ, за да може Бог да дојде на вечера. Ритуалот на отворање на прозорецот и канење на Бог да вечера со семејството крие посебна магија која го топли срцето и внесува мир и блаженство во душата.

Со мир во душата, со радост и спокојство се празнува денот пред Божиќ.

За многу години Бадник и нека Бог биде со вас оваа вечер!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş