
Експертите од универзитетот во Единбург стигнале до заклучок дека во Сончевиот систем кружат роботски вонземјански летечки објекти кои имаат способност сами да се реплицираат.
Овие сонди според нивните зборови се толку технолошки напредни, а ние немаме начин да ги детектираме па некој од нив можеби лета над нашите глави додека го читате овој текст.
Вонземјаните веројатно испратиле нло кои ја користат гравитацијата на ѕвездите за убрзување сметаат научниците. Според нив вонземјанските летечки сонди веројатно можат да прават нови верзии од самите себе, собирајќи прашина и гас на кои наидуваат низ космосот.
Нашиот заклучок е дека постојат цивилизации кои ова веќе го направиле и дека ваквите летечки објекти се веќе меѓу нас, сметаат експертите.
Пред две години друга студија претстави сличен заклучок – Дека во Сончевиот систем веќе постојат вонземјански летала но ние не знаеме за нивното постоење бидејќи секоја технолошки напредна цивилизација што е свесна за нашето постоење веројатно би ги направила невидливи.