Најголемите диктатори во светот

slobodan2 декември, 20101min00

Неодамна објавената листа на магазинот Life за 29-те најголеми диктатори во историјата на светот, го стави Сталин прв, а Слободан Милошевиќ на деветнаесетото место. Хитлер е на 12-тото место. На првите пет места сепак се најдоа слените владетели:
1. Сталин – Смртта за еден човек е трагедија, смртта на еден милион луѓе е статистика, има изјавено своевремено Советскиот владетел Јосиф Сталин. Во текот на неговото владеење животот го имаат изгубено преку 20 милиони луѓе, затоа и се наоѓа на првото место од оваа листа.
2. Ким Јонг Ил – овој владетел се сомничи за многу злосторство, пред се за убиство на својот брат, многу бројни киднапирања низ Јужна Кореа. Додека тој си живее низ 17 луксузни локации, неговиот народ го прехрануваат други земји.
3. Пол Пот – диктаторството го започна во 1975 година во Кмбоџа, тој бил водич на црвените, поради кои наводно животот го имаат изгубено околу милион и пол луѓе. Исто така тој ги убивал сите за кои се мислело дека има контакти со западниот свет, а за да некој бил сомнителен доволно било само да носи наоќари.
4. Бенито Мусолини – Италијанот кој го промовираше фашизмот, бил опседант со идејата за оживвање на Римското Царство, направил и тајна полиција и црнните кошули, лица кои беа негова “продолжена рака на правдата”. Пред крајот на Втората Светска Војна го киднапирале партизании го погубиле.
5. Рафаел Трујило – претседателот на Доминиканската Република кој својата должност почна да ја обавува во 1930 година. Еднаш откако ја осети моќта на власта никој неможеше да го сопре, бил познат расист кој не ги поднесувал темните луѓе од Хаити па имал убиено повеќе од триесет илјади. На сите цркви морало да пишува Трујило на земја, Бог на небото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma