
Било како шефови или обични членови на друштвото, мажите кои имаат ќерки се повнимателни, понежни и великодушни кон останатите, бидејќи се емпатично расположени.
Присуството на ќерка во животот на еден маж, без разлика колку е таа стара ја вади на површина неговата нежна страна.
Студијата покажа дека шефовите и работодавците кои имаат ќерки се значително повеликодушни со своите вработени, за разлика од оние кои имаат само синови. Добивањето на девојче влијае на личноста на таткото и ја менува, па на површина испливуваат повеќе карактерните црти како внимателност и одговорност, а општо кажано нивниот темперамент се смирува, објаснуваат научниците.
Овој повеќе семеен пристап се одржува и на работа во однос со вработените, па затоа и почесто даваат зголемување на платата и стимулација. Претходните студии покажале дека мажите кои имаат ќерки најчесто се дел од либералните политички струи и дека се повеќе ориентирани кон заштита на правата на жените.
