Малиот принц доби име: Синот на Вилијам и Кејт се вика Џорџ!

popara25 јули, 20131min00
The Duke And Duchess Of Cambridge Leave The Lindo Wing With Their Newborn Son

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го крстиле синот Џорџ Александар Луис. Се верува дека кралицата е таа што ја дала идејата за името на Неговото кралско височество принцот Џорџ од Кембриџ.

Досега во историјата на кралството имало 6 кралеви кои го носеле името Џорџ, меѓу кои и таткото на кралицата.

Луис е четвртото име на принцот Вилијам и веројатно е додадено на неговиот син во чест на лордот Луис Монтбатен, последниот владетел на Индија пред нејзината независност во 1947 година.

Името Александар наводно било фаворитот на Кејт. Малиот Џорџ го доби своето име необично брзо. За името на принцот Вилијам светот мораше да чека повеќе од една седмица, а за името на Чарлс цел месец.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma