Неверојатна приказна за човекот што оплодил 500 жени

popara5 август, 20131min00
15

Доктор Хелена Рајт го забележала Дерек, непоправлив женкар и одлучила да го искористи за хумани цели. Му понудила да има секс со пациентки чии мажи останале без гениталии или либидо за време на Втората Светска војна со цел и тие да станат мајки.

Се претпоставува дека за време на војната без партнер останале околу милион и седумстотини илјади жени, а доктор Хелена слушајќи ги маките на тие жени стигнала до идеја да најде некој кој би можел да им ја исполни најголемата желба – наследници.

Дерек го опишуваат како интелигентен аристократ и шармер кој ги опуштал младите дами со забавен разговор, а потоа на следниот состанок веќе се впуштал во љубовна игра. Човекот го изгубил својот брат во војната па сакал да им помогне на своите сонародници да го подигнат наталитетот.

Тоа и не му паднало тешко, бидејќи тој и онака бил опседнат со секс и уште како млад се впуштал во опасни афери со разни жени, а неговата вереница исто така се согласила на оваа игра, па така неговата швалерација била оправдана преку хуманитарната цел.

Се се одвивало така што жените имале само една интимна средба со пастувот. Доколку забременеле – одлично, доколку не, повторна средба немало за да се спречи интимна поврзаност. Мажите на овие жени имале шанса да го запознаат Дерек доколку пројавеле желба, но повеќето од разбирливи причини, не сакале.

Гордиот татко од својот брак имал три деца, а се смета дека направил уште 500 бебиња за чие раѓање дознавал преку телеграма испратена од доктор Хелена.

После оваа приказна останува прашањето – Колку  од неговите потомци меѓусебно стапиле во интимни контакти, без да знаат за крвното сродство?

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma