Таткото на Дејвид Трен, Тони Трен имал исполнет живот. Пораснал во Виетнам, служел за американската амбасада таму, бил држен како воен затвореник, а потоа ја донел својата фамилија во САД.
Од неодамна, тој се бори со рак на црниот дроб и нема уште многу да живее. Неговата последна желба била да ја види матурата на својот син, но неговиот доктор му кажал дека тоа најверојатно нема да се случи.
За среќа, средното училиште на неговиот син, организираше специјална церемонија. Имено, училиштето порано ја организираше матурската церемонија за Дејвид и Тони.