Пронајден гробот на Александар Македонски?

popara23 август, 201317min00
14

Министерството за култура на Грција предупредува дека е претерано храбра шпекулацијата дека неодамна е ископана античка градба во северна Грција и дека тоа претставува гробница на некој древен македонски цар и можеби самиот Александар Македонски.

Археолозите кои работат на локалитетот каде гробницата е ископана, 600 километри северно од Атина се надеваат дека ќе откријат остатоци од значајни особи. Грчките сајтови известуваат дека е пронајден долго очекуваниот гроб на Александар Македонски.

До сега се верувало дека кралот воин од 4 век пне е погребан во Египет. Во соопштението на грчкото министерство се вели дека градбата е крајно впечатлива со мермерна фасада карактеристична за 4 век пне која е 500 метри долга и 3 метри висока но дека сеуште е премногу рано и претерано смело да се тврди дека тоа е гробот на Александар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *