Твитер војната помеѓу двете пејачки Јелена Карлеуша и Сека Алексиќ ја подигна пола српска естрада на нозе. Една од најбезмислените навреди беше онаа упатена од Карлеуша до Сека за тоа што не може да има деца и која погодила бројни познати личности, кои застанале на страната на Сека без пардон. Меѓу нив била и Тијана Дапчевиќ.
“Ова баш ме погоди како мајка бидејќи поминав низ многу болен спонтан абортус. За секоја осуда е јавно да се дискутира за семејството, деца, потомци и тоа на најлош можен начин. Од она што паметниот се срами, будалата се гордее“, изјавила Тијана за “Ало“.