
Во 2010 година Рики Мартин реши јавно да проговори за својата сексуална определба. Во своето последно интервју пејачот раскажува за својот однос кон хомосексуалците во минатото и признава дека се подбивал со нив и имал сериозна хомофобија.
Дали тоа бил внатрешен страв од сопствената природа можеме само да претпоставуваме. Но важно денес 41 годишниот Рики најпосле е во мир со себе си.
За крај тој додава дека е горд што е геј и дека поради тоа се чувствува благословен.

