Ден Ривз од Пенсилванија последниве девет години тајно во својот подрум правел авион. Ден во средата започнал со извлекување на авионот од подрумските простории каде морал да сруши и дел од својата куќа за да можего извлече. На прашање како го правел и од каде набавувал делови, Ден одговорил дека ги нарачал по пошта.
Имаше моменти кога мислев дека никогаш нема да го завршам авионот, но успеав бидејќи бев охрабрен од пријателите и семејството изјавил, Ден. Тој додаде дека има потрошено околу 45.000 $ за изградба на авионот, и ќе мора да плати уште 5000 $ за да си ја поправи куќата.
Неговиот син Стивен (13) исто така му помагал во склопување на авионот, и изјавил дека е многу горд на својот татко. Ќерката на Ден, Хедер (22), на сите им се фалела дека нејзиниот татко прави авион, но сите мислеа дека прави макета, а не вистински авион, изјавила за Daily Mail
Ден за оваа пригода организирал забава каде ги повикал сите пријатели кои му помагале и поддржувале во изградбата на авионот.