Новата жешка реклама на брендот “Agent Provocateur“ режирана од страна на Пенелопе Круз , конечно се појави во јавноста. Познатата шпанска актерка се потрудила да направи добар клип кој секако ќе ја воодушеви машката публика, но секако дека и жените ќе уживаат во квалитетната и провокативна долна облека.
Покрај бројните атрактивни манекенки во рекламата се појавува бремената сестра на Пенелопе, Моника Круз како и ангелот на Викторија и девојката на Кристијано Роналдо, преубавата Ирина Шајк.
Сите девојки носат долна облека од овој бренд.
http://www.youtube.com/watch?v=fOxUuwLSC8M