Слушнете ја новата песна на Бритни Спирс
16 септември, 20130
Иако Бритни Спирс најави голем камбек на сцената во понеделник, тоа се случи ден порано, бидејќи нејзиниот долго најавуван сингл “Work Bitch“ се појави на интернет вчера.
Бритни неколку години беше во сенка, а почетокот на 2013 почна да најавува хит сингл. Пејачката вчера ги праша своите фанови преку Твитер дали се подготвени во понеделник да ја преслушаат песната, меѓутоа фановите го имаа тоа задоволство ден порано.
31 годишната пејачка е очајна бидејќи нејзината песна се појави на интернет порано од очекуваното, како што неодамна и се случи на Лејди Гага.