Веројатно мислите дека е непотребно да слушате совети за сексот од вашата баба, но има нешто во фактот дека искуството доаѓа со годините…
Бабата се вика Паулина (98) која била во брак три пати и сега ги советува жените во врска со сексот. Нејзините совети се објавени во книгата You Can Be Right (Or You Can Be Married), која содржи бројни разговори со разведени луѓе кои ги водел и запишал Дан Адам Шапиро.
Ова се нејзините четири совети:
1. Најважно од се е дека морате да бидете сексуално компатибилни. Тоа е особено важно. Ако било кој ви каже поинаку, тој е луд.
2. Многу е тешко да ги зачините работите после 10 години. Ако сте го изгубиле она чувство и ако тој го изгубил, разведете се. Тоа е единствениот начин. Подобро ќе ви биде сами, отколку очајно да живеете со некој кој не ве исполнува. Тоа е уште полошо отколку да сте сами.
3. Морате да дадете се од себе за да го усреќите другиот човек. Но мора да го направите тоа така што секој од вас да сака да дава многу.
4. Мора да имате многу страст и многу емоции. Без емоции нема ништо – тоа е само чин, што не е добро.