Овој проект е посветен на темата, како изгледаат женските тела после раѓањето.
Факт е дека секоја жена сака да биде убава, слаба, привлечна. Но исто така е факт, дека за време на бременоста нејзиното тело претрпува сериозна промена која често води до зголемување на килограмите.
Се менува и кожата, се образуваат стрии, а нивното третирање не е толку брзо, колку нивната појава.
Фотографот Ашли Џексон која е мајка на три деца смета дека познатите создаваат нереални идеали кои обичните мајки не можат да ги исполнат. Таа среќава мајки со едно, две, три, па дури и десет деца и ги нарекува свои хероини.