Сексот е неисцрпна тема особено кога се работи за сексуалните искуства на славните и познатите. Овој пат славните холивудски фаци без устручување и влакна на јазикот ги откриваат сите свои необични тајни, од позите кои ги сакаат до играчките што ги користат.
Анџелина Џоли невиноста ја изгубила на 14 години, а како што самата признава, тоа се случило со нејзиниот тогашен дечко со кој во тоа време живеела. Анџелина имала прилично тежок период во раните години, а за своето прво сексуално искуство рекла: Во моментите кога сакав да се чувствувам блиска со него, земав нож и го сечев, како и тој мене.
Во однос на својот сексуален живот таа вели дека го сака чувството на доминација и дека така се чувствува сигурно.
Пејачката Џенет Џексон сака да купува секс играчки, дури и кога е во придружба на нејзиното обезбедување. Џенет смета дека е експерт во тој поглед, па не се устручава да избере и неколку сочни новитети за своите пријателки.
Во текот на нејзините бројни интервјуа и Ријана ни ги открива нејзините секс тајни.
“Сакам да бидам покорна, тоа ми е најзабавно во спалната соба. Чувството дека јас сум мала дама и дека со мене владее некој, е многу секси. Сакам да бидам казнувана и да добијам по задникот, а врзувањето ми е скороз напнато. Ми се допаѓа кога тоа ќе се случи спонтано. Понекогаш игрите со лисици и камшици се испланирани и така губат од ефектот…Подобро е кога ќе се послужиш со рака“, објаснува Ријана.
Зое Салдана многу го сака сексот и уште многу други работи поврзани со тоа. “Во сексот сакам се што е тешко, страсно и екстремно. Ја сакам мисионерската поза, но добро ми е и кога сум на колена. Сакам да бидам горе, ја сакам доги стајл и стоечки“, изјавила пејачката.