Официјално најубавата жена на светот се сликала пред година дена во разголено издание, што не е според правилата на надпреварот каде завчера победи.
Филипинката Меган Јанг се најде во центар на скандал бидејќи е утврдено дека се сликала топлес, па затоа голема е и веројатноста да остане без круна, поради кршење на правилата.
Додека некои се огорчени поради тоа и бараат на Меган да и се одземе приматот – најубава на планетата, од филипинските таблоиди тврдат дека се работи за “валкана кампања“.
Меѓутоа како што известуваат странските медиуми, спорните разголени фотографии не содржат експлицитна голотија и засега Меган останува да биде Мис свет 2013.