
Дилбер Стана
Те сакам.
За тоа што сум, те сакам.
За тоа што ми даде, и ми зема, Те сакам
За тоа што ме направи
За сите мајки
За мојата мајка
На 06.10.2013 во 19 ч, во склоп на затворањето на SDW2013,Ивана Кнез и Драма Студио ќе го презентираат мултимедијалниот проект “Дилбер Стана”.
Овој проект вклучува видео запис, режиран од Билјана Радиноска, моден едиторијал, изложба и перформанс на сцената на SDW2013. “Инспирацијата е црпена од нашата култура и традиција, чистината и модернизмот со нагласената симболика раскажуваат една субјективна приказна за нереализирано мајчинство” изјави дизајнерката Ивана Кнез. Овој проект ќе ја претставува македонската мода на престижниот моден настан во Абу Даби “ Fashion Strikes”, за таа цел македонската публика ќе го види во работна верзија.