
Бившиот сопруг на Гоца Тржан, Иван Маринковиќ признава дека сеуште му се допаѓа манекенката Сара Трајановиќ, иако таа е во врска со Аки Марковиќ.
Иван очигледно и простил на Сара за тоа што пред извесно време се бакнуваше со Аки позади тоалетот, но вели дека не сака да има ништо со неа или со Аки, бидејќи како што вели годините не му дозволуваат.
Сепак не крие дека убавата манекенка сеуште му се допаѓа и додава дека не му е сеедно да ја гледа со друг. Да ве потсетиме, Сара во почетокот на шоуто разменуваше нежности со Иван, иако имаше дечко надвор, а после тоа се префрли на Аки.
