
Седум до девет часа сон е оптимално за организмот, а се што е над тоа, може да биде опасно за вашето здравје, потврдило истражувањето на американската Академија спроведено над 54 000 испитаници.
Како што недоволното количество сон ги зголемува шансите за појава на дијабет и анксиозност, истото се однесува и на спиењето повеќе од девет часа дневно, се вели во статијата објавена од Дејли Мејл.
Спиењето подолго од препорачаното го зголемува ризикот од појава на срцеви болести, мозочен удар, депресија и др. Оптималниот сон пак го намалува ризикот од горе наведените болести , но и помага на луѓето кои веќе страдаат од тоа, полесно да се излечат.
“Здравјето освен од исхраната и физичката активност, во голем степен зависи и од сонот, а тоа е особено важно за луѓето кои страдаат од хронични болести. Проблемите со спиењето, несоница и апнеа се почести кај хроничните болни, па затоа тие треба особено да внимаваат секојдневно да не ја пречекоруваат оптималната граница од седум до девет часа сон. “, изјавил др Сафван Бард.