Ени Ленокс: Модерните спотови се порнографија!

popara9 октомври, 201317min00
7

Познатата пејачка Ени Ленокс ја критикува содржината на модерните спотови, како и провокативните сценски настапи, опишувајќи ги како порнографски и мрачни.

“Јас сум за да се има слобода за изразување, но ова отиде предалеку, и ова јасно влегува во доменот на порнографијата. Како да ги спречите вашите деца да бидат изложени на вакви работи? Ова е толку моќно. Вие не сакате вашите 7 годишни ќерки да гледаат голотија на сите страни“ – изјавила британската ѕвезда и додава дека спотовите со сексуална содржина задолжително треба да имаат ознака 18+.

Многу од музичките ѕвезди како Мајли Сајрус, Ники Минаж, Бритни Спирс и Ријана беа критикувани поради експлицитните настапи и спотови.

Rijana

Foto: Tanjug/AP/Invision