
Бившиот службеник на Агенцијата за национална безбедност, Едвард Сноуден предупредува, во првото видео направено откако Русија му даде азил, на опасноста што шпиунирањето претставува за демократијата.
– Ако не можеме да ја разбереме политиката и програмата на својата влада, не можеме ни да ги одобриме промените – вели Сноуден во едно од кратките видеа поставени деновиве на сајтот на Викиликс.
Сноуден го снимил ова видео во средата кога се сретнал со пензионирани агенти на американската служба и група активисти, кои се залагаат за промоција на етичките вредности на таа професија.
Сноуден нагласува дека надзорот што го врши НСА е мошне опасен и додава дека неселективното прислушкување е многу позастапено од легитимните програми.
– Тоа е масовен надзор кој цела популација ја става под присмотра на “окото што гледа се“ и тогаш кога нема потреба – додава Сноуден.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Z5Kc6Cp1HHw