Ако имате проблем со опаѓање на косата направете го следниов природен препарат:
Жолчка од едно јајце се меша доволно долго се додека не се направи пена, а потоа се додава лажица рум и лажица рицинусово масло.
Со овој лек треба да го масирате скалпот. Откако ќе ја измасирате главата, завиткајте ја со крпа па со најлон и оставете така да отстои 3-6 часа, но уште подобро е ако делува во текот на цела ноќ додека не станете.
Откако ќе ја измиете косата во задната вода за плакнење додадете сок од свежо цеден лимон. Се повторува постапката еднаш седмично се додека коренот на влакното не се излечи целосно и косопадот престане.